Баку му даде на Ереван рок од 10 дена да ја евакуира областа близу Нагорно Карабах

Евакуација на луѓето околу Нагорно Карабах, 14.11.2020.

Азербејџанските власти и дадоа на Ерменија дополнителни десет дена да ги евакуира своите сили од областа Калбајар близу Нагорно Карабах, област што вчера требаше да им биде предадена на азербејџанските сили. „Од хуманитарни причини, Азербејџан се согласи да го продолжи рокот за повлекување на ерменските вооружени сили и илегалните ерменски доселеници од регионот Калбајар до 25 ноември“, изјави претставникот на азербејџанското претседателство, Хикмет Хаџиев. Ерменските власти претходно побараа дополнителен рок. Уште два округа - Агдам и Лачин - треба да станат под контрола на Азербејџан. Ерменските власти ги искористија тие области за да ги распоредат своите сили по конфликтот во 1990-тите за Нагорно Карабах.

Ерменија пријави 2300 загинати војници во Нагорно-Карабах, Азербејџан не пријавува загуби

Конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија за контрола на Нагорно Карабах заврши неодамна со мировен договор со кој беше признаена победата на азербејџанските сили. Нагорно-Карабах, територија претежно населена со Ерменци, се одвои од Азербејџан, што доведе до војна што однесе 90.000 животи во текот на 90-тите години на минатиот век. Судирите меѓу ерменските сили и азербејџанската армија беа обновени во септември.