Трамп - Ништо не признав

Американскиот претседател Доналд Трамп.

Ништо не признав, вели американскиот претседател Доналд Трамп, откако претходно на Твитер напиша „Победи, затоа што изборите беа наместени, притоа не спомнувајќи го својот политички ривал Џо Бајден.

Два часа по тој твит, Трамп на Твитер напиша „Наместени избори. Ние ќе победиме“.

Во друга објава на Твитер потоа напиша - „Тој победи само во очите на лажните вести во медиумите. Ништо не признавам! Ни претстои долг пат. Ова беа наместени избори“, напиша тој во посебен твит.

По изборите неколкупати Трамп прогласуваше победа и обвини за изборни нерегуларности и поведе правни постапки пред судовите. Се одржаа и протести на 14 декември на кои приврзаниците на Трамп ги повторија неговите тврдења за изборна измама. Извикуваа САД, САД и „уште четири години“, вееја американски знамиња и носеа шешири со слоганот на Трамп – Ќе ја направам Америка повторно голема. За време на протестите, Трамп со возило помина низ масата поддржувачи .

Новиот шеф на кабинет на Бајден, Рон Клајн, за Ен-Би-Си изјави дека тоа што Трамп го објавува на Твитер не го прави Џо Бајден претседател или не претседател, туку тоа го стори американскиот народ.

Одлуката на администрацијата на Трамп да не го признае Бајден како победник ги спречи Бајден и неговиот тим да имаат пристап до владините простории и фондови за да се обезбеди непречена транзиција на власта.