Жариште на птичји грип во Белгија

Вакцина на живина во Белгија.

Жариште на птичји грип биле идентификувани во Белгија, поради што властите воведоа изолација на птиците, за сите кои чуваат живина, вклучително и на домаќинствата, соопшти Сојузната агенција за прехранбена безбедност (Афсца).

По појавите на жаришта на птичјиот грип летоска во Русија и во Казахстан, заразата неодамна се прошири и во Западна Европа. Превентивните мерки за изолација или заштита овој месец се воведени во Франција, поради проценка на висок ризик од појавата на болеста. Во Белгија, три диви птици во резерватот во Остенде биле тестирани позитивни на Х5Н8, соопшти Афсца, наведувајќи дека таа зараза вчера ја потврдил и Институтот за јавно здравје Сциенсано.

Превентивните мерки во комерцијалните фарми за живина беа воведени на 1 ноември, а од утре живината треба да ја изолираат или заштитат, а треба да се изолираат и поединците кои ја одгледуваат во домаќинствата.

Француското министерство за земјоделство на 5 ноември предупреди дека динамиката на инфекцијата е во полн замав во Западна Европа. Има пријавени случаи во Холандија, Германија и во североисточна Англија.

Актуелниот тип птичји грип Х5Н1 се појави во 2003 година и имаше поединечни случаи на зараза на луѓе со него – 120 во земјите од југоисточна Азија, од кои половината умреа. Се смета дека во својот сегашен облик тој вирус не е особено опасен за населението, зашто нема пренос од човек на човек, така што на заболување се изложени само лицата во интензивен контакт со заболени птици.