ЕУ се подготува за покоординирана антитеристичка политика

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска на состанок се согласија да ја зајакнат безбедноста на границите, да ги зголемат полициските овластувања и да преземат чекори за ограничување на ширењето на говорот на омраза на интернет. На денешниот состанок министрите расправаа за покоординирана антитеристичка политика . Повод за тоа беа неодамнешните екстремистички напади во Германија, Франција и Австрија. Тие изразија надеж дека ќе можат изготват нов закон за контрола на содржината на интернет, за зајакнувањето на безбедносните мерки внатре во Унијата како и посилен мандат, повеќе пари и персонал за европската полициска агенција.

„ Целта е да се овозможи издавање на наредби за отстранување на терористичката содржина која се објавува на социјални мрежи во рок од еден до два часа од објавувањето со прекугранична помош, како нов и брз инструмент во спротивставувањето на тероризмот“ , е наведено во заедничкото соопштение.