Филипче: Следниот месец награда за здравствени работници кои работат со ковид пациенти

Венко Филипче

Сите здравствени работници кои директно работат со пациенти со кови -19 ќе бидат парично наградени, а парите за тоа се обезбедни со ребалансот на буџетот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Општата болница во Гостивар.

„Со последниот ребаланс на буџетот се одвои значителна сума средства која ќе оди како награда, еднократна во следниот месец за сите здравствени работници кои работат со ковид пациенти“, рече Филипче

Тој оттаму посочи дека секојдневно е во комуникација со директорите на болниците, прилив на пациенти има но има и слободни кревети. На скопските клиники, напомена, се обезбедени болнички кревети, кадарот се ротира и целосно е мобилизиран. На интерните клиники има околу 100 – 120 слободни кревети со кадар кои секој момент може да згиржат КОВИД пациенти. Според Филипче, ковид-центрите не се веќе само објекти, туку се целосно опремени за третирање пациенти.

Тој најави дека гостиварската болница во 2021 година ќе добие магнетна резонанса, нешто што беше најавувано за оваа година, но поради корона ситуацијата е одложено.