Нема докази за компромитирање гласови, тврдат изборните власти на САД

Илустрација

Нависоките американски федерални и државни претставници одговорни за безбедноста на изборите заедно изјавија дека „нема докази“ дека гласовите на 3 ноември се во некој случај компромитирани или изменети.

Изјавата од официјалните лица за сајбер безбедност и изборните власти директно ги отфрла непоткрепените тврдења на претседателот Доналд Трамп и на некои републиканци дека измамите и изгубените гласачки ливчиња доведоа до победа на демократот Џо Бајден на претседателските избори.

„Нема докази дека некој систем на гласање избришал или изгубил гласови, сменил глас или некој глас бил компромитиран“, стои во изјавата дистрибуирана од Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура на Министерството за внатрешна безбедност на САД.

„Изборите на 3 ноември беа најбезбедни во американската историја“, се вели во соопштението.