Продолжуваат протестите против договорот со Азербејџан во Ерменија

Протести во Ереван

Продолжуваат опозициските протести во Ерменија против договорот со Азербејџан за окончување на шестнеделните борби во Нагорно-Карабах постигнат со посредство на Русија. Демонстрантите барат оставка од премиерот Никол Пашанијан.

Неколку илјади луѓе денеска маршираат на улиците на Ереван, извикувајќи „Предавнику, оди си!“

Друг марш на опозициската група Сасна Црер беше откажан, откако полицијата ги натера да се разотидат, повикувајќи се на воената состојба, според која протестите се забранети.

Демонстрантите кои одбија да заминат беа уапсени.

Завчерашното објавување на договорот за примирје предизвика директна и бесна реакција во ерменскиот главен град, каде гневните демонстранти упаднаа во владините згради и Парламентот. Договорот е отфрлен од многу Ерменци затоа што му овозможува на Азербејџан да задржи голем дел од малиот планински регион, заедно со околните области заземени за време на борбите. Ден по договорот, илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот, пркосејќи на воената состојба и нарекувајќи го претседателот Никол Пашинијан „предавник“.