Шилегов најави трикомпонентна борба со загаденоста во Скопје

Петре Шилегов

Постојат три компоненти со кои ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје. Првата е со зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети, потоа стимулација на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо автомобилите и организирано затоплување на домовите, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој посочи дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. Појасни дека мониторингот се врши секоја вечер со термални дронови.

„Ние работиме во коренот на решавање проблемот. Неколку пати општам со јавноста главните компоненти се три. Едната е овој инспекциски надзор кој што верувам ќе се согласите сите, Инспекторатот на Град Скопје е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата“, рече Шилегов.