Руските муслимански свештеници забрануваат меѓуверски бракови

Муслмани на молитва во Санкт Петербург

Група руски муслимански свештеници наредија забрана муслиманите да стапуваат во брак со немуслимани, одлука што предизвика несогласување во рамките на националниот исламски совет на земјата. Советот на свештениците ја издаде фатвата, според која, муслиманските мажи можат да се омажат за жени кои не се муслиманки само во „ексклузивни ситуации“ и со одобрување на локалните муфтии.


САД го објавија извештајот за верски слободи во светот


Еден ден по објавувањето на фатвата, заменик-претседателот на духовниот директорат Дамир Мухединов изјави: „Во однос на ова прашање, мислењата се разликуваат и дел од нашето свештенство не ја поддржува или само делумно ја поддржува предметната фатва“. Русија е секуларна држава, тврди тој и затоа одлуките на Советот на свештениците немаат правна моќ.
Пресудата теоретски влијае на повеќе од 15 милиони руски муслимани - втора по големина вероисповед во земјата по православните христијани. Политичкото присуство на Руските муслимани расте во земјата, со оглед на напливот на политичката моќ на православната црква, заедно со загриженоста од другите големи религии.