Нови 1321 заразени, 26 починале во изминатото деноноќие

илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.836 тестирања, а регистрирани се 1.321 нов случај на Ковид-19. Најмногу заразени има во Скопје-583, потоа Куманово-100, Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Пехчево-5, Берово-3, Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, Ресен-10, Неготино-24 и два во Македонски Брод.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 433 оздравени пациенти. Починати се 26 лица, сите во болнички услови.

Нема реална слика за поддршката на анти-корона рестрикциите

Со последните податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 42.540, бројката на оздравени пациенти е 25.353, на починати е 1.212, а бројот на активни случаи изнесува 15.975.