Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за бугарската историја

Красимир Каракачанов

„Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги вчерашните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија во рамките на самитот на земјите од Берлинскиот процес на кој копретседаваа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.

Меркел повика на разбирање, на потег се Заев и Борисов

„Ние го искажавме нашиот став, кој е јасен, недвосмислен и целосно се совпаѓа со рамковната позиција што беше усвоена од Парламентот во октомври минатата година. Објаснивме дека не можеме да правиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарскиот херој, на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави Каракачанов. Оваа изјава Каракачанов ја даде по откривањето на споменик на Гоце Делчев во градот Самоков.