Бајден -Почестен сум што сум избран за следен претседател на САД

Џо Бајден и Камала Харис

Претседателскиот кандидат, Џо Бајден, во својата прва изјава откако американските медиуми го прогласија за победник на претседателските избори, рече дека е „почестен и понизен“ што е избран да ја води Америка.

„Работата што е пред нас ќе биде тешка, но ви го ветувам ова: Јас ќе бидам претседател на сите Американци - без разлика дали гласавте за мене или не“, се наведува во изјавата на Бајден објавен на Твитер.

Во изјавата на Бајден објавена од неговиот Изборен штаб се наведува дека Бајден е почестен од тоа што американскиот народ им ја даде довербата на него и на новоизбраната потпретседателка Камала Харис.

„Рекорден број на Американци гласаа соочувајќи се со невидени пречки, уште еднаш докажувајќи дека демократијата е вкоренета длабоко во срцето на Америка. Со завршувањето на кампањата, време е да го оставиме гневот и острата реторика зад нас и да се обединиме како нација. Време е Америка да се обедини и да заздрави“, се наведува во соопштението од Изборниот штаб на Бајден.

Американските медиуми јавија дека Бајден ги добил гласовите од Пенсилванија, со што ги освоил потребните минимум 270 електорки гласови за победа.

Доколку неговата победа биде потврдена, Бајден би ја презел функцијата на 20 јануари 2021 година.

Претседателот Доналд Трамп одбива да го признае поразот, за него, како што вели, изборите се далеку до завршени. Тој најави дека битката продолжува во судовите.