Бајден во блага предност пред Трамп

Претседателот Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден ги поделија првите држави што беа проектирани на претседателските избори во САД. Гласањето во некои држави на источниот брег заврши, но во другите делови од земјата се уште има долги редици гласачи.

Според прелиминарните резултати на АП, Бајден победил во сојузните држави: Конектикат, Делавер, Масачусетс, Њу Џерси, Род Ајланд, Вермонт, Мериленд, Илиноис, Вирџинија, Ново Мексико и во Њујорк. Трамп, според прелиминарните резултати, победил во Западна Вирџинија, Индијана, Кентаки, Алабама, Мисисипи, Тенеси, Оклахома, Арканзас, Луизијана, Вирџинија, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вајоминг и во третиот дистрикт на Небраска.

Според АП и Ројтерс, Трамп освоил 60 електорски гласови, а Бајден 71, со што е во блага предност. Според Ројтерс, трката е тесна во Флорида, која носи 29 електорски гласови и која значително може да влијае на конечниот резултат.