Ји: Бајден ќе ја поддржи Северна Македонија за влез во ЕУ

Архивска фотографија - Хојт Ји во Скопје

Ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД ќе ја поддржи интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, изјави поранешниот американски заменик помошник државен секретар Хојт Ји, кој сега е дел од Изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат.

„Цврсто верувам дека Бајден ќе се залага за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Ова секако е одлука што мора да ја донесе Европската Унија и САД не можат да ја наметнат својата волја, но ние веруваме дека ги делиме истите цели со повеќето европски земји. Очекувам Бугарија и остатокот од ЕУ да најдат начин да ги надминат проблемите“, изјави Ји за „Гласот на Америка“.