Белорусија делумно ги затвори границите

Илустрација. Граничен премин.

Белорусија денеска делумно ги затвори сите свои копнени граници за странци што предизвика шпекулации дека ограничувањата се политички мотивирани.

Државниот граничен комитет на источно европската земја соопшти дека граничните ограничувања стапуваат на сила од денеска за да се „спречи ширењето на заразата предизвикана од КОВИД-19“.

Одлуката доаѓа во период кога Александр Лукашенко се обидува да ги смири протестите и штрајкови предизвикани од спорните избори на 9 август кои му донесоа шести последователен мандат како претседател.

Лукашенко постојано ја обвинува опозицијата и стотици илјади луѓе кои ги преплавуваат улиците дека се кукли поддржани од странство. Тој исто така ги обвинува соседните Полска и балтичките држави дека се обидуваат да ја дестабилизираат земјата.

Циханускаја повика на национален штрајк во Белорусија

Потегот за ограничување на прекуграничното движење доаѓа во моментот кога Европа доживува втор бран на вирусни инфекции, а земјите ширум континентот спроведуваат нови блокирања. Белоруските власти претходно ја минимизираа пандемијата со месеци.

Комитетот за гранична контрола соопшти дека мерката „суспендира влез на странски државјани и лица без државјанство “од Латвија, Литванија, Полска, Украина и Русија. Ограничувањето не се однесува на руските граѓани кои транзитираат од Белорусија кон Русија, која е близок сојузник на Белорусија. Исто така, тоа не влијае на прекуграничната трговија и дипломатите и другите официјални делегации. Патниците кои пристигнуваат во Белорусија на аеродромот во Минск исто така не подлежат на забрана.