Приведен напаѓачот кој во Канада уби две и рани пет лица

Полицијата го уапси напаѓачот во Квебек.

Канадската полицијата изутрината во Квебек го приведе напаѓачот кој со нож синоќа уби две лица и рани петмина други. Нападот е извршен во центарот на Квебек, но засега нема информации за мотивот на нападот за кој е осомничениот 20 годишниот маж.

Потерата на полицијата започна откако очевидци пријавиле напади извршени од човек облечен во средновековна облека и вооружен со нож.

Полицијата ги повика жителите да „останат во затворен простор со заклучени врати зашто истрагата сè уште е во тек“. Ранетите се пренесени во локалната болница со „различно ниво на повреди“.

Нападите се случија во близина на Шато Фротенак, хотел во Квебек, во близина на покраинскиот законодавен дом.