ВМРО-ДПМНЕ: Да не се исклучува струјата на ранливи семејства

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред РКЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, како што рекоа, темелена на европски искуства и воведена практика во повеќе земји од Европа, а во насока на помош и заштита на стандардот на граѓаните за оневозможување исклучување од струја каде најпогодени се социјално ранливите категории на граѓани.

Опозициската партија денеска излезе на протест пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика, која пред два месеца донесе одлука за поскапување на струјата за 7,4 отсто.

„Власта преку политизираната Регулаторна комисија дозволи покачување на цената на струјата, што подразбира поскапи сметки, а посиромашен народ, згора на тоа кршејќи го Уставот се дозволува неограничено исклучување на струја со што особено се погодени најзагрозените категории граѓани“, изјави денеска Стојанче Геровски од ВМРО-ДПМНЕ.