Битиќи: Рамковните вработувања се тема за по пандемијата

Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Сега не е време да се решава, иако е тоа горчлив проблем, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања за рамковните вработувања, за време на посетата на компанијата Хај Тек Корпорејшн во Скопје. Тој додаде дека ако тој се прашува, процесот за рамковните вработувања ќе заврши уште утре, но вели дека тоа е процес кој веќе е започнат и не треба да се зборува сега во време на пандемија.

„Процесот е започнат и сметам дека денеска не треба да зборуваме во време на пандемија, во време на загрозеност на секое едно работно место, за црни сценарија. Ќе го преминеме овој период и мислам дека во првиот ден кога ќе дишеме слободно без маски, ќе почнеме да зборуваме за решавање на тој горчлив проблем што сите го зборуваме веќе неколку години“, рече Битиќи