Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, особено во северните и североисточните делови, облачноста значително ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 9, а дневната од 12 до 23 Целзиусови степени.
Следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови, повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.