Во Женева почнаа разговори за примирје во Нагорно Карабах

Илустрација - Гранатирана зграда во Нагорно Карабах

Разговорите на првите дипломати на Азербејџан и Ерменија со меѓународни посредници започнаа денеска во Женева, Швајцарија, во обид да се постигне договор за запирање на борбите околу регионот Нагорно-Карабах, по неуспехот на претходните три примирја.

Ерменскиот министер за надворешни работи, Зохраб Мнацаканиан, ја отвори денешната сесија од состанокот со копретседавачите на групата за медијација Минск - Русија, Франција и Соединетите држави - пред неговиот колега од Азербејџан, Чејхун Бајрамов, кој одржува посебна сесија со меѓународните дипломати. по ова, не беше јасно дали Мнацаканиан и Бајрамов ќе се сретнат лице в лице.

Разговорите требаше да се одржат еден ден порано, но беа одложени кога борбите повторно се засилија во Нагорно Карабах, територија лоцирана во рамките на Азербејџан, но контролирана од етнички Ерменци, како и околните области контролирани од ерменските сили.

Актуелните судири избувнаа на 27 септември, а борбите продолжија и покрај трите договори за прекин на огнот.