Трамп изрази солидарност со Франција по нападот во Ница

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази солидарност со Франција по вчерашниот напад во Ница, што го опиша како „неприфатлив терористички акт“. „Ние сме со Французите со целото срце. Америка е со својот најстар сојузник во оваа борба“, напиша Трамп на Твитер. Американскиот претседател оцени дека „сите терористички напади од радикални исламисти“ треба веднаш да завршат.

Студентите од Американ колеџ предвидуваат тесна победа на Трамп

„Ниту една земја, било да е Франција или која било друга, повеќе не може да ги толерира ваквите напади“, додава Трамп. Во нападот во црквата Нотр Дам во Ница с беа убиени три лица со нож, меѓу кои и еден член на црквата, а напаѓачот, млад мигрант од Тунис, е уапсен.