Пендаровски - Заев: Нема преговори за македонскиот идентитет

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев на состанокот за Безбедност за ковид-19, 29 октомври 2020

Шефот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, денеска изјавија дека „нема преговори за македонскиот идентитет“. Двајцата тоа го кажаа на новинарско новинарско прашање, околу тоа дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во патот кон ЕУ, но ќе бара Македонија да признае дека идентитетот и јазикот датираат од бугарски корени, јасно посочи дека нема преговори за нашиот идентитет.

„Нема никакви остапки, и не може да има никакви остапки од националните и државните интереси кои подразбираат: Нема преговори за нашиот идентитет“, рече Пендаровски.

Премиерот Заев рече дека тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет не треба да има. Прашан директно дали за него е прифатлива понудата да се каже дека македонскиот јазик има бугарски корени тој рече „не“.