Усвоен законот за спречување на дискриминација

Собранието на Република Северна Македонија.

Собранието денеска со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој се обезбедува принцип на еднаквост во заштита од дикриминација и во остварување на човековите права и слободи.

Законот предвидува да биде формирана Комисија за заштита и спречување од дискриминација составена од седум члена.

Собаниската комисија за избори и именувања ќе предлага по двајца пратеници од власта и опозицијата, додека останатите тројца ќе бидат претставници на граѓанското општество.

Претставниците на гаѓанското општество нема да бидат именувани на предлог на Собранието.

Законот претходно беше донесен во 2019 година, но Уставниот суд во мај оваа година го укина поради одредени пропусти.

Според законсот, се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.