По скратена постапка Собранието ќе ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, откако за тоа вечерва 60 пратеници гласа „за“ и 32 беа „воздржани“.
Собранието ќе расправа за законот на пленарна седница, откако тој ќе помине на седници на ресорните цобраниски комисии.
Засконот треба до овозможи Владата да воведе нови построги мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, откако земјава како и целиот свет од почеткот на 2020 година се соочува со пандемија на Ковид-19.
Предлог измени на законот вчера доставила и опозицијата, но тој не се најде на дневен ред на денешната седница. Претседателот на Собранието Талат Џафер објасни дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ законот го доставила само на македонски јазик и дека според Законот за употреба на јазиците тој бил даден да се преведе.
Опозицијата предлага формирање на нова комисија за заштита од болести формирана од страна на Собранието за да биде ставена под контрола ситуацијата со Ковид-19, како што рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, епидемијата на коронавирусот зема силен замав скоро во сите европски земји.
Во Македонија деновиве се забелеани рекордни бројќи на новозаразени и починати од Ковид-19.