Полицијата во Минск со шок бомби против демонстрантите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Шок гранати беа употребени врз демонстрантите против Александар Лукашенко, додека десетици илјади луѓе се упатија кон Палатата на независноста во Минск, носејќи црвено-бели знамиња на белоруското опозициско движење. Најмалку едно лице било рането како резултат на употреба на шок бомби, јави белоруската служба на РСЕ. За да се растера колоната биле користени и гумени куршуми, а едно лице било рането во стомакот. Приведени биле неколку десетици луѓе.