Трамп го обвини Бајден за преувеличување на здравствената криза

Trump vagy Biden kvizkep


Претседателот на САД Доналд Трамп продолжува да го брани своето справување со пандемијата, која донесе умирања на повеќе од 224 000 луѓе во САД, штети во економијата и милиони невработени.

На митингот што се одржа во пензионерската заедница во централна Флорида, Трамп им вети на приврзаниците дека пандемијата на коронавирус ќе заврши наскоро и го обвини Бајден за преувеличување на здравствената криза за да ги исплаши Американците да не гласаат за него.

Трамп беше на Флорида во кампања, по еден ден од последната претседателска дебата со Бајден.

Бајден, пак, во неговиот дом во Делавер, се осврна на пропустите на претседателот Трамп во справувањето со пандемијата на коронавирусот, која стана доминантно прашање во кампањата.

„Повеќе од осум месеци сме во оваа криза, претседателот сè уште нема план “, рече Бајден.

Тој вети нов пакет на економски олеснувања преку Конгресот до крајот на јануари.