Во Белград полицијата запре протести во близина на фестивалот „Мирдита“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Српската полиција во четвртокот спречи десетици десни екстремисти да прекинат еден младински културен настан. Полицијата беше распоредена околу местото во центарот на Белград, домаќин на фестивалот „Мирдита - Добар Дан“, што годишно се организира од либерални младински групи од Србија и Косово. Слични екстремистички групи во претходните недели упаднаа на две изложби и им се закануваа на уметниците на една театарска претстава. Српските националистички и десничарски групи сметаат дека Косово е дел од Србија и честопати се обидуваат да ги нарушат ваквите настани кои се занимаваат со улогата на земјата во распадот на поранешна Југославија во 90-тите и воените злосторства извршени од српските сили за време на конфликтот.