Судот во Грција го испрати раководството на Златна зора во затвор

Никос Михалолиакос

Грчки суд вчера донесе одлука за итно затворање на раководството на екстремно десничарската, неонацистичка „Златна зора“, осудено за претворање на таа партија во криминална организација. Судот, сепак, пресуди дека петмина од 18-те поранешни пратеници на партијата, осудени за кривични дела кривични дела, остануваат на слобода во очекување на жалба на пресудите, што може да трае со години во Грција. Одлуката ја донесе тричлен судски совет по двонеделна презентација на адвокатот на одбраната и обвинителот, кои побараа на сите поранешни пратеници на „Златна зора“ да им биде дозволено да останат на слобода до крајот на жалбената постапка.

13 години затвор за лидерот на грчката Златна зора

Судиите го одбија барањето за одложување на лидерот на партијата Никос Михалолиакос и на другите поранешни пратеници осудени за водење на криминалната организација. Михалолиакос и уште петмина поранешни пратеници добија казни од по 13 години затвор, додека шестиот пратеник беше осуден на 10 години затвор. Партијата, која најпрвин беше неонацистичка група основана во 1980-тите, се крена за време на финансиската криза во Грција и беше обвинета за планирање злосторства од омраза, вклучувајќи брутални улични напади врз имигранти и левичарски активисти