Законот за заразни болести и ребалансот во Собрание идната недела

Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска информираше дека измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври.

Џафери, на денешната средба со новинарите, изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, као што рече, поради разногласието на партиите, тој нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври.

На таа седница, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии, би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија. До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба.