Папата Франциск поддржува регистрирање геј заедници

Папата Франциско.

Папата Франциск ги поддржа граѓанските истополови бракови и хомосексуланите заедници. Тој тоа го наведува во интервју за документарниот филм „Франциск“, јавува агенцијата Асошиејтед прес.

„Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца. Она што мора да го имаме е закон за граѓанска заедница, а тој начин тие ќе бидат законски покриени“, рекол папата.

Документарниот филм во режија на Евгениј Афинеевски говори за папството на Франциск во последните 7,5 години. Го следи на многу патувања пред пандемијата со ковид-19. А во филмот се разработува и неговиот однос во разрешувањето на скандалите за сексуални злоупотреби кои се однесуваат на Црквата.

Режисерот почнал да работи на документарниот филм на почетокот на 2018, а премиерно беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим.