Нови избори во Киргистан на 20 декември

Членовите на киргистанската Централна изборна комисија на последната седница

Киргистанската Централна изборна комисија денеска го одреди 20 декември како датум за нови парламентарни избори, откако на 4 октомври беа поништени парламентарните избори по јавните протести што ги соборија владата и спикерот на парламентот и доведоа до оставка на претседателот Соронбаи Јенбеков.

По оставката на Јенбеков минатата недела, пратениците го избраа за нов премиер Садир Јапаров, поранешен националистички пратеник и осуден за киднапирање, кој од демонстрантите беше ослободен од затвор на 6 октомври. Пратениците му ги дадоа и претседателските овластувања по оставката на Јенбеков на 16 октомври.

Според законот, предвремените избори мора да се одржат најдоцна во рок од три месеци по оставката на претседателот. Јапаров не може да учествува на изборите бидејќи сегашното законодавство не дозволува вршители на должноста претседатели да бараат функција. На почетокот на оваа недела, Јапаров рече дека ќе има право да се кандидира ако законот се смени.