Португалија се откажа од планот сите да ја имаат апликацијата за коронавирус

Лисабон

Иако требаше да се одржи гласање во Португалскиот парламент на крајот на оваа недела за да се направи задолжително за сите граѓани да користат апликации за следење на ковид-19 на мобилни телефони, премиерот Антонио Кошта изјави дека идејата треба подобро да се разгледа. Апликацијата Stayaway за следење на ковид-19 ја презедоа 2,3 милиони граѓани, што е третина од целта на владата.

Ковид-19 ги влоши човековите права и го запре напредокот во здравството

Планот на премиерот да ја направи употребата на апликацијата задолжителна е остро критикуван, а правните експерти предупредуваат дека тоа би било дури и неуставно.

Покрај тоа, Парламентот се очекува в петок да гласа за задолжителна употреба на маски на отворено за сите.