Протест на ВМРО-ДПМНЕ: „Против прогонот и криминалот“

Архивска фотографија од еден од протестите на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18.30 часот организира протести со возила во седум градови против, како што велат од партијата, „криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот“. Протестот во Скопје ќе почне од Спортскиот центар Јане Сандански, па до зградата на Владата.

Во исто време најавени се и протести во општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола. Последните 30-ина дена ВМРО-ДПМНЕ организираше неколку протестни маршеви и неколку автомобилски протести, меѓу кои и оние против поскапувањето на струјата и за Гоце Делчев.

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот“, се вели во соопштението на партијата.