Косово и Србија се договорија за нацрт-спогодбата за исчезнати лица

илустрација

Косово и Србија постигнаа согласност во Брисел за нацрт-договорот за пронаоѓање на исчезнати лица, кој ќе биде функционален во случај да се постигне конечен договор, беше речено вчера на состанокот на косовската владина комисија за исчезнати лица. Шефот на косовската делегација во дијалогот задолжен за прашањето за исчезнатите, Ибрахим Маколи, рече дека за оваа тема се разговарало уште од првиот состанок во Брисел. „На првиот состанок беа поставени основните принципи за решавање на прашањето за исчезнатите лица, а тоа се: формирање заедничка комисија, механизам за разјаснување на судбината на исчезнатите лица и неограничен пристап до државните архиви што овозможуваат разјаснување на судбината на сите исчезнати лица“, рече Маколи.

Вучиќ: Договорено е да продолжи дијалогот со Приштина

Според него, заедничката комисија ќе ја води ЕУ и таа е одговорна за разјаснување на судбината на исчезнатите лица. „Процесот се очекува да заврши во рок од 18 месеци; по постигнување на конечен договор меѓу Косово и Србија“, додаде Маколи.