Филипче: Сериозно е, следниот чекор е полициски час

Венко Филипче

Предложените рестриктивни мерки - Сите економски оператори да работат до 23 часот, автобусите да возат со 50 отсто од капацитетот, а вработените во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, да работат во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации - ќе се најдат на утрешната собраниска седница, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со членови на Комисијата за заразни болести во Владата.

„Апелирам дека ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор е полициски час. Во законска измена се внесува уште еден став со кој понатаму ќе се прифаќаат сите други мерки со одлука на Владата. За да биде изгласан потребно е мнозинство од 61 пратеник, но не очекувам расправата да трае повеќе од 2-3 дена. Верувам дека до крајот на неделава, мерките ќе стапат во сила, изјави министерот Филипче.

Смета дека до крајот на неделата, Собранието ќе ги изгласа изменитена Законот за заштита од населението од заразни болести со што овие мерки, но и мерките од претходниот пакет ќе стапат во сила.