Г.г. Стефан: Бигорски е потврда за правото на црковна самобитност

Поглаварот на МПЦ-ОА Митрополитот скопски и Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан на прославата на одбележувањето 1.000 години од постоењето на Бигорскиот манастир.

Бигорскиот манастир е најпрепознатливиот сведок на нашата црковна реалност и на нашата подготвеност и потврда на нашето право за црковна самобитност во православниот свет, рече денеска поглаварот на МПЦ-ОА, Митрополитот скопски и Ахиепископ охридски и македонски г.г. Стефан на централната прослава на одблежувањето 1.000 години од постоењето на манастирот.

„Но, свесни сме дека во православното живеење и творење ништо, ниту почнува, ниту се остварува без благословот и молитвеното застапништво пред милосливиот Бог за преуспевање и за напредок“, рече архиепископот г.г. Стефан.

Ваквиот говор за правото на црковна самобитност на архиепископот г.г. Стефан додаѓа во услови кога Српската православна црква (СПЦ) со години го блокира признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА).

Во оваа насока во сепрември оваа година и македонскиот премиерот Зоран Заев во писмо до поглаварот на Цариградската патријаршија Вартоломеј наведе дека православниот народ во земјава заслужува црковна независност и автокефална МПЦ-ОА.

Во изминатите неколку декади по распадот на Југославија, имаше повеќе неуспешни обиди преку преговори да биде решен црковниот спор меѓу Македонија и Србија.

На денешната прослава на одбележувањето 1.000 години од постоењето на Бигорскиот манастир – Свети Јован Крстител, говореше и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Пендаровски исто така во септември оваа година му напиша писмо на патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј, во кое побара тој да го употреби своето апелационо право за македоснките граѓани од православна христијанска вероисповест „конечно да ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот.“