Во последните 24 часа во Косово од 889 тестови регистрирани се 104 позитивни на ковид19, а две лица починаа, соопшти Институтот за национално здравје. Од почетокот на пандемијата досега во Косово се регистрирани 16 606 позитивни на коронавирусот, а починаа 652 лица. Бројот на активни случаи е 1393. Владата на Косово најави дека ако се зголемува бројот на новозаразени ќе дојде до заострување на мерките за да се спречи ширењето на вирусот.
Во Косово 104 новозаразени со корона, две лица починаа
Косово- сестра во клинката за интензива нега каде што се лекуваат пациенѕи заболени од Ковид19, 21.09.2020