Изетбеговиќ позитивен на ковид19

Архивска фотографија- босанскиот политичар Бакир Изетбеговиќ

Првиот заменик на претседавачот со народниот дом на парламентот на Босна и Херцеговина и претседател на Партијата на демократска акција Бакир Изетбеговиќ е позитивен на коронавирус, потврдија за Радио Слободна Европа од неговата партија. Од таму додаваат дека тој се чувствува добро и се наоѓа дома.