„Орден за заслуги за државата“ за Бигорскиот манастир

Претседателот Стево Пендаровски и епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј, на доделувањето на „Орденот за заслуги за Република Северна Македонија“ на Бигорскиот манастир

Претседателот Стево Пендаровски денеска му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање. Ова високо државно одликување го прими епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј во претседателската резиденција на Водно.

Претседателот Пендаровски, по доделувањето на Орденот, рече дека нашата генерација има извонредно ретка можност да биде сведок на еден импресивен јубилеј, каков што е 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

„Бигорскиот манастир е едно од нашите најголемите духовни светилишта кое низ вековите и денес во континуитет претставува извор на писменост, култура и уметност. Бигорски не е само православен манастир и христијанско светилиште, тој отсекогаш бил прочуен на местото каде помош, поткрепа, човечки збор и утеха можеле да најдат сите без разлика на нивната верска, етничка и каква било друга припадност. Историјата на манастирот со не помалку и неговата духовна и културна мисија и ангажман лесно ги надминуваат државните граници и ги сплотуваат и обединуват луѓето, што сигурно е најблагородната можна кауза во светот од кој сме дел“, рече Пендаровски.

На доделувањето на Орденот присуствуваа и премиерот Зоран Заев, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, членови на Бигорската обител, претставници на верски заедници…