За 24 часа 628 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од ширење на коронавирусот, на територијата на цела Северна Македонија се регистрирани 628 прекршоци, информираше утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).

Министерството и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.