За 24 часа 80 нови корона случаи и тројца починати

Илустрација - Медицински лица со опрема за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство попледнево информираше дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи со Ковид-19, тројца починати и 97 оздравени пациенти.

Новозаразените се регистрирани во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.

„Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти, а во болнички услови починати се тројца пациенти од кои еден од Скопје (48), еден од Струга (78) и еден од Струмица (68)“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.