Стотици приведени на антивладините демонстрации во Минск

приведувања во Минск, 11.10.2020.

Повеќе од 500 лица биле приведени од белоруските безбедносни сили во Минск во, како што оценуваат набљудувачите, најнасилната акција во последните неколку недели против демонстрантите кои бараат крај на авторитарното владеење на Александар Лукашенко. Полицијата употреби водени топови, шок-бомби и солзавец за да ги растера толпите во центарот на Минск, откако ги блокираше централните улици и ги затвори станиците на метрото.

Циханускаја: Меркел би била идеален медијатор за кризата во Белорусија

Белорусија е зафатена со протести откако Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, беше прогласен за победник на изборите во земјата на 9 август, и покрајобвинувањата за наместено гласање. Неговиот главен ривал, Свјатлана Циханускаја, за која нејзините приврзаници велат дека победила беше принудена да избега во Литванија по гласањето. ЕУ и Соединетите држави одбија да го признаат Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија. Во Минск вчера, мирните демонстранти беа тепани од полицијата и влечени во минибуси веднаш во почетокот на демонстрациите.