Сончево време со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.