Филипче: Денеска најголем број хоспитализации од крајот на јули

Министерот Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека денешната бројка на новозаразени лица со коронавирус изнесува 364 и дека 414 лица се хопитализирани во болниците .

„Ова е најголем број на хоспитализации од крајот на јули. На Инфективната клиника денеска се сместени 86 пациенти, во ГОБ 40, од кои 4 се на ресипиратор. Во болницата во Козле се хоспитализирани три деца позитивни и за две деца се чека резултат“, рече Филипче.

Тој појасни дека во некои болници капацитетите се исполнети, па со претходен договор пациентите се испраќаат во Скопје или Куманово. Целосно е подготвена болницата и во Кочани, каде засега нема пациенти, има 60 болнички кревети.