Протести против изборните резултати во Киргистан

Фотографија од денешните протести во центарот на Бишкек, 5 октомври 2020

Неколку политички партии во Киргистан одржуваат митинзи во главниот град Бишкек, повикувајќи на поништување на резултатите од парламентарните избори за време на викендот, кои им „донесоа“ победи на партиите блиски до киргистанскиот проруски претседател Соронбаи Јенбеков.

Неколку илјади активисти и приврзаници на пет партии - Социјалдемократите, Чон Казат, Мекен Иннтимаги , Бир Бол и Реформа - се собраа во центарот на Бишкек, Ала-То плоштад на 5 октомври, тврдејќи дека вчерашното гласање било наместено, со купување гласови и други нерегуларности.

Две најголеми опозициски партии, Ата-Мекен и Република, претходно изјавија дека тие и нивните приврзаници ќе организираат масовен протест во текот на денот. Опозициските политички партии исто така соопштија дека протести ќе се одржат и во други градови.