Кремљ го обвини Навални за врски на ЦИА откако тој го обвини Путин за труење

опозицискиот политичар Алексеј Навални и претседателот Владимир Путин

Кремљ го обвини опозицискиот политичар Алексеј Навални за соработка со ЦИА, откако Навални изјави дека верува оти претседателот Владимир Путин стои зад труењето во август. Обвинението изнесено од портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, е првпат Москва директно да го обвини Навални за соработка со странска разузнавачка агенција. Како одговор, Навални го предизвика Песков да презентира докази за да го поткрепи неговото обвинение и рече дека ќе го тужи за обвинението.

Навални го обвини Путин дека стои зад неговото труење

44-годишниот Навални неодамна излезе од кома откако одеднаш се разболе за време на летот во Сибир и беше однесен на лекување во Берлин. Германските лекари велат дека тој бил отруен со новичок, редок руски нервен отров. „Верувам дека Путин стои зад злосторството и немам други верзии за тоа што се случило“, рече Навални за германскиот магазин „Шпигел“.

Руски извршители му го запленија станот на Навални

Портпаролот на Кремљ рече дека обвинувањата на Навални се неприфатливи, неосновани и навредливи. „Не е пациентот кој работи со западното разузнавање, туку западното разузнавање работи со него. Тоа би било поточно. Постојат такви информации. Дури и дефинитивно можам да кажам - специјалисти на Централната разузнавачка агенција на САД работат со него во моментов“, рече Песков. Како одговор, Навални на својата веб-страница напиша: „Прво, го тужам Песков“.