Молдавија бара од Турција екстрадиција на пребеган тајкун

Владимир Плахотниук

Молдавското обвинителство бара екстрадиција од Турција на политички влијателен тајкун, кој живееше во САД повеќе од една година, откако избега од Молдавија. Барањето беше прва официјална потврда и за локацијата на Владимир Плахотниук. Во соопштението се вели дека генералниот обвинител бил „официјално известен“ оти Плахотниук пристигнал во Турција на 10 септември. Нема одговор од турските власти на ова барање. Енергетскиот брокер, Плахотниук избега од Молдавија во јуни 2019 година, откако беше избркан од парламентот, како дел од владина реорганизација со посредство на Русија, Соединетите држави и другите европски партнери.

Молдавија доби нова влада

Тој исто така беше поврзан со она што е познато како „кражба на векот“ - исчезнување на милијарда долари од молдавските банки во 2014 година, кражба која продолжува да ја оптоварува Молдавија - Плахотниук од тогаш се изгуби од очите на јавноста, наводно, патувајќи под едно или повеќе претпоставени имиња и алтернативни пасоши. Во јануари, Стејт департментот на САД им забрани влез на него и неговото семејство „поради неговата вмешаност во голема корупција ... што го поткопа владеењето на правото и сериозно ја загрози независноста на демократските институции во Молдавија“. Но, по два месеца тој бил виден во Мајами.