Жестоки борби меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Видеа објавени од владите на Ерменија и на Азербејџан наводно прикажуваат како нивните сили удираат врз непријателските воени постројки. Тешките борби во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах го зголемија стравот од тотална војна меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот каде што големи влијание имаат Русија и Турција. Советот за безбедност на ОН се очекува денеска да одржи итна седница зад затворени врати за ситуацијата во Нагорно Карабах.