Жестоки судири во Нагорно Карабах

Смртоносните борби меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах веќе втор ден не стивнуваат и покрај меѓународните повици за воздржаност. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека користеле тешка артилерија во битките кои досега бројат десетици загинати и стотици ранети.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев прогласи делумна воена мобилизација на 28 септември, откако властите во Баку соопштија дека 6 цивили од едно семејство се убиени и 19 други се ранети.

Воена состојба во Нагорно-Карабах, судирите ескалираа

Министерството за одбрана на Нагорно Карабах соопшти дека 27 борци загинале денеска со што бројот на вкупно загинати од почетокот на борбите порасна на 67, и над 200 се ранети откако Азербејџан го започна, како што се опишува во соопштението на министерството , како воздушен и артилериски напад. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека „интезивните борби продолжиле преку ноќ“ Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека „ерменските вооружени сили го гранатираат градот Тартар“ кој се наоѓа во близина на Нагорно Карабах.

Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација

Турција - Ерменија да ги прекине провокациите кон Азербејџан

И Ерменија и Азербејџан беа дел од Советскиот сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците. Последен пат тензиите ескалираа во 2016 година, кога земјите четири дена војуваа за оваа територија.