Турција - Ерменија да ги прекине провокациите кон Азербејџан

Хулиси Акар, министер за одбрана на Турција

Турција денеска побара Ерменија веднаш да ги прекине непријателствата со Азербејџан, кои како што рече „ќе го фрлат целиот регион во оган“. Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, истакна дека најголемата пречка за мирот и стабилноста на Кавказ е непријателскиот став на Ерменија. Акар додаде дека оваа земја мора веднаш да го запре непријателството кон Азербејџан и ја осуди Ерменија за, како што рече, провокациите кон Азербејџан.

Британските медиуми пренесуваат дека турскиот министер бил дециден дека Анкара „со сигурност“ ќе го поддржи Баку во спорот.

Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација

Владата на Ерменија и претседателот на непризнатата република Нагорно Карабах денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација на населението поради ескалацијата на конфликтот во регионот.

Министерството за одбрана на Азербејџан издаде соопштение во кое јави за интензивни судири за важни позиции во Нагорно Карабах по целата линија на фронтот.